Во стан во центарот на Штип, сопруг ја тепал својата жена по што се нафрлил на нивното четиригодишно дете кое се разбудило од врисоците на својата мајка, јавува штипската телевизија ТВ Стар.
Детето од крвничкиот ќотек имало набиеници и крвни подливи.
Во овј случај на семејно насилство интервенирала штипската полиција, која го уапсила насилниот родител, а мајката (26) и синот биле пренесени во болница.