Преку соопштение кое е прочитано во негово име, поранешниот сириски премиер Риад Фарид Хиџаб, објави дека преминува на страната на бунтовниците.
„ Денеска го објавувам своето заминување од убивањата и терористичкиот режим. Објавувам дека и се придружувам на револуцијата, од страната на оние кои се борат за човештвото и достоинството. Од денеска сум војник на оваа благословена револуција“, стои во соопштението на премиерот, кое го прочита неговиот портпарол, Мухамед ел-Етри.
Етри исто така демантирал дека премиерот е сменет од функцијата и изјавил дека Риад Фарид Хиџаб со месеци го планирал бегството од Сирија, во договор со Слободната сириска армија.
Сириските активисти пред извесно време објавија дека екс-премиерот ја напуштил земјата, веднаш откако било објавено во медиумите дека е сменет од функцијата.
Според медиумуте, Риад Фарид Хиџаб, заедно со неговата фамилија, пребегна во Јордан.
Поради немирите во Сирија, над 46.500 лица пребегнаа во Турција за повеќе од една година.