Шест планинари на возраст од 18- 20 години при посета на планината Баба – Пелистер над Малото езеро, доживеале несреќа поради лошите временски услови.
Двајца од нив се лизнале низ стрмнината, при што се здобиле со лесни повреди. Тие побараа помош од надлежните институции за извлекување.
Според најновите информации од РЦУК Битола, лицата се со лесни телесни повреди и веќе се однесени во клиничката болница во Битола за да им се изврши преглед на здравствената состојба.
За евакуација на останатите 4 планинари, хелихоптер на МВР е веќе пристигнат во Битола и се очекува започнување на акција за извлекување на лицата од планината.