Несреќа на Баба – 4 планинари паднале во провалија – во тек е акција за извлекување


Шест планинари на возраст од 18- 20 години при посета на  планината Баба – Пелистер над Малото езеро, доживеале несреќа поради лошите временски услови.

babuna - planinaДвајца од нив се лизнале низ стрмнината, при што се здобиле со лесни повреди. Тие побараа помош од надлежните институции за извлекување.

Според најновите информации од РЦУК Битола, лицата се со лесни телесни повреди и веќе се однесени во клиничката болница во Битола за да им се изврши преглед на здравствената состојба.

За евакуација на останатите 4 планинари, хелихоптер на МВР е веќе пристигнат во Битола и се очекува започнување на акција за извлекување на лицата од планината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1