Кој ќе пружи прва помош оди в затвор!


Во Турција викендов стапи на сила контроверзен закон според кој давањето прва помош е кривично дело доколку за тоа не постои одобрување од Владата.

momce brza pomosЗаконот стапи на сила и покрај несогласувањата и спротиставувањето на здруженија за заштита на човекови права.

Според законот, оној кој ќе го прекрши законот може да се соочи со казна затвор во траење и до три години и парична казна од 700.000 евра.

Критичарите на законот стравуваат дека тој ќе може да се користи за да се спречат лекари и друг медициснки персонал да даваат помош на повредени демонстранти за време на масовни улични протести какви што имаше во државата во јуни минатата година.

– Донесувањето на таков закон со кој се криминализира давањето прва помош и се казнуваат оние кои се грижат за повредени демонстранти, е всушност дел од неуморно настојување на турската Влада да ги замолчи сите кои им се спротиставуваат, изјави Винсент Лакопино од Лекари без граници, објави Ал Џезира.

Во соопштение од таа организација се вели дека таков закон го става во опасност здравјето и животот на секој човек.

Законот чиј предлагач беше владејачката Партија за правда и развој, забранува лекари да работат вон државни здравствени институции односно лекари да основаат приватни клиники или да работат за приватни клиники. Минатиот месец и ОН изразија загриженост за тој закон и ја повикаа турската влада да ја преразгледа својата одлука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1