Нотингем – Играта со пиење “Некноминејт”, која е многу популарна во последно време на интернет, донесе нова жртва. Продавач и рагбист, 20-годишниот Бредли Ејмс умрел откако испил цел литар мешавина од џин и чај.
Во видеото изјавува: “Ве гледам како играте Некноминејт и мислам дека не сте баш добри. Затоа купив џин и сега ќе ви покажам како се прави тоа“.
Пријателите го предупредиле дека тоа што го прави е навистина опасно. Негов пријател дури и оставил коментар под видеото: “Некој умрел правејќи го она ти што го правиш“! Бредли напишал дека мора да им покаже “кој е главен”..
Во оваа игра најчесто младите се предизвикуваат едни со други да испијат неверојатно големи количини на алкохол, или необични комбинации на алкохол со други напитоци.
Притоа треба да извршат некаков предизвик. Сето ова го снимаат, а подоцна го објавуваат на социјалните мрежи.