Непослушната пчеличка Маја и нејзините авантури останаа живи во меморијата на милиони луѓе ширум светот. Оваа година, вредната пчеличка го прославува својот 100-ти роденден.
Не се малку оние кои сеуште можат да ја испеат песничката од цртаниот филм за пчеличката Маја.
“Пчеличката Маја е вистинско национално богатство што успеа да стигне до срцата на повеќе од три генерации. Оние кои во тоа време биле деца, сега се баби и дедовци “, коментира чешкиот композитор на песната, Карел Гот.
Познатата анимација, која собираше пред телевизиските екрани милиони деца во светот, се базира на детската книга “Пчеличката Маја и нејзините авантури” на германскиот писател Валдемар Бонзелс. Писателот, кој е од Хамбург, напишал книгата за своите деца во Минхен и таа била објавена во септември 1912 година. До крајот на Првата светска војна од неа биле продадени околу 90.000 примероци.
Успехот дошол за време на Втората светска војна, кога книгата станала познат меѓу германските војници на фронтот, и во 1954 година, две години по смртта на авторот, продажбата достигнува до еден милион примероци.
Серијата за првпат е емитувана во 1976 година и е копродукција меѓу Јапонија, Германија и Австрија. Но, тоа не е првпат во историјата на пчеличката да е пренесена на екранот. На 3-ти март 1926 година режисерот и биолог Волфрам Јунгханс снимал нема верзија за екранизација со вистински инсекти, поради што сликите продолжиле да се емитуваат цели две години.
Исто така, со пчеличката Маја беа снимени и емитувани две сезони серии кои содржеа по 52 епизоди и се емитува на германската државна телевизија CDF меѓу 1976 и 1980 година.
По повод годишнината на пчеличката, телевизија соопшти дека ќе сними 78 нови епизоди со нејзините авантури во 3D формат, кои ќе бидат готови во 2013 година.
Со текот на времето Маја, чии авантури се преведени на повеќе од 40 јазици, се претвори во вистинска меѓународна ѕвезда, која ги забавува најмладите и предизвикува носталгија кај возрасните.