Адвокатски скандал во Штип – Адвокат агресивно наговарал старица да се откаже од тужбено барање!


Скандал во четвртокот вечерта приредил штипскиот адвокат Л.Д. во населбата Железничка станица во Штип, јави„старплус“ на ТВ Стар .stip policija

Неканет и незадоволен, откако вчерашниот судски спор за куќа се одложил, тој отишол во домот на 78-годишната Ѓ.М. која во предметот била спротиставена странка. Таму, старата жена агресивно ја наговарал да се откаже од тужбеното барањето за дел од куќа. Од вербалната агресија, срцето на старицата не издржало . Следувале шок и удар, по што жената итно била пренесена во Клиничката болница Штип каде до доцна во ноќта се борела за живот, пренесува „старплус“ на ТВ Стар.

За среќа, жената денеска е во подобра состојба, но и претстои долго лекување. Случајот без преседан во адвокатското работење кај нас најблиските од семејството јавно не сакаа да го коментираат, но потврдуваат, од судскиот спор за куќата, нема да се откажат. Разликата е во тоа што во наредниот период со адвокатот ќе се гледаат почесто, бидејќи најверојатно за него ќе има кривични пријави за нарушување на неповредливост на домот и загрозување на сигурноста.

Случај веќе предизвикува големи коменатри во стручната и пошироката јавност и тој веќе е пријавен во здружението на адвокати во Штип, но и Адвокатската комора, додава „“старплус“ на ТВ Стар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1