Аеродроми на кои има најдобар шопинг



Аеродромите се повеќе ја преземаат функцијата на трговските центри и стануваат посетени места за пазарење.

Прво, поради тоа што на овие места може да се пазарат производи кои што се ослободени од царини и плаќање на даноци, па дури и брендираната облека може да се купи по значително поволна цена за разлика од продавниците во градовите. Второ, продавниците се нанижани една до друга, па нема потреба премногу да се шета и трага за одредена роба, а разгледувањето и купувањето, секој патник ќе го обавува во периодот додека го чека летот.

Секоја роба си го пронаоѓа својот купец
Купувањето на аеродромите е последна прилика да се набави некаков сувенир или пак поклон за драгата особа. Во секој случај, понудата е голема – од храна и пијалоци до мобилни телефони. Магазинот „Форбс“, одбра 10 аеродроми кои што се најдобри за купување.

1. Хитроу (Лондон)
Истражувањата покажуваат дека лондонскиот аеродром Хитроу е место каде што новчаникот можете да го испразните на најбрз можен начин. Тери Рајли, поранешен директор на музејот Мајами арт, го опиша на следниот начин. Хитроу изгледа како да се судриле четири шопинг центри. Во 80 продавници се продава брендирана облека и козметика. Минатогодишниот обрт во малопродажбата изнесувал 1,7 милијарди фунти, односно 2,6 милијарди долари, а оваа година поради Олимписките игри, управата на Хитро очекува продажбата да се удвои. Патниците овде уживаат во купувањето, а оние кои не сакаат шопинг можат да ја посетат читалната или пак да влезат да разгледаат некоја уметичка изложба. Во Лондон на 17 јули пристигнале спортисти од 50 земји, односно поминале 236,955 патници, што претставува рекорд во историјата на Хитроу.

2. Аеродромот во Дубаи
Купување под златната палма
На меѓународниот аеродром во Дубаи за љубителите на шопингот посебно е привлечен терминалот број 3. Необично осветлен, со златна палма во холот и луксузни автомобили со големи црвени машни, многу наликува на коцкарница. Тука патниците можат да залутаат меѓу бутиците на Џорџо Армани и Монтбланк и да уживаат во најновата колекција во најдобрите светски дизајнери. Постои мислење дека овде најисплатливо е купувањето на рачни часовници. Во безцаринската зона тие можат да чинат двапати поефтино за разлика од европските продавници. Така овде можат да се најдат ретро модели, но и часовници со златни или пак позлатени детали. Магазинот „Форбс“, тврди дека овде „цените не се изгор“, па еден пристоен рачен часовник може да се набави за 500 долари.

3. Чанги (Сингапур)
Столици за дремење
По сериозниот однос според модата во Сингапур може да се мерат и Јапонците, а аеродромот Чанги на најдобар начин го отсликува сингапурскиот дух. На овој аеродром работат повеќе од 230 продавници и бутици. Овде се продаваат најновите колекции на светски брендови, како што се Миу миу и Клое. Во Шангај постојат столици за молитви, а можат да се изнајмат и столици за дремење. Чанги има четири патнички терминали, низ кои годишно минуваат 40 милиони патници. На царинскиот премин секој кој што ќе слета на Чанги го дочекуваат прекрасни орхидеи, насмеани лица со бонбони за добредојде.

4. Чек Лап Кок (Хонконг)
Рај за голферите
На аеродромот во Хонгконг, кој се вика Чек лап кок именуван по островот на кој што е изграден, на патниците не може да им е досадно. Доколку не сте задоволни со кино репертоарот 4Д, можат да изнајмат стапови и да играат голф на вистински терен со девет дупки или пак да уживаат во шопингот. Овде годишно пазарат околу 50 милиони патници. Се купуваат главно технички направи, како што се мобилни телефони и ајпод, но не заостанува ниту интересот за модните брендови како што се Шанел, Версаче, Барбери… Шопинг зависниците кои од Хонгконг сакаат да понесат нешто оргинално се препорачува да купуваат од првиот терминал, каде што има повеќе од 200 домашни модни брендови.

5. Инчеон (Сеул)
Меѓу кактус и орхидеи
Јужнокорејскиот аеродром Инчеон и официјално е прогласен за најдобар на светот по оценките на повеќе од 12 милиони патници. Има голф ценар, приватни соби за сместување на патниците, лизгалиште, казино, и музеј на корејската култура. Препознатлив е по седум раскошни паркови и бавчи со кактуси, оридеи и разнобојни цвеќиња. Годишно низ овој аеродром минуваат 33 милиони патници.

Сеулскиот аеродром познат е и по бутиците каде што може да се купи облека од светските познати брендови. За да не залутаат, на патниците им е дадена и мапа од аеродромот.

6. Нарита (Токио)
Самурајски мечеви
Аеродромот Нарита го зазема второто место во Јапонија по проток на патници и прво по фрекфенција на багаж. Во Нарита има барови, суши ресторани, салони за убавина, берберници и бутици на најпознатите светски брендови. Благодарение на сите овие работи, патниците значително го скратуваат времето додека го чекаат летот. Во зградата постојат дури и два спрата со ресторани и продавници во кои што можат да се пазарат и единсвени, за овој дел од светот специфични предмети како што се самурајските мечеви. Меѓу 135 продавници се наоѓаат и најпознатите јапонски дизајнери и брендови како што е Уникла, Јоџија Јамамоте или пак Реја Кавабука, кои стои зад јапонската марка Коме Дес Гарсон Се разбира во продавниците на нарита е тешко да се оддолее на сувенирите и техничките апарати.

7. Аеродром Франкфурт
Од казино на шопинг
Меѓународниот аеродром во Франкфурт е најпрометен во Германија. Оддалечен е 12 километри од градот, има четири писти и секојдневно одовде авионите летаат на повеќе од 260 дестинации. На аеродромот се наоѓаат повеќе од 220 продавници, барови, ресторани, казина, а има и салони за убавина во кој може да се дотерата пред или по летот.

Аеродромските бутици нудат широк избор на најразноврсни производи, од поклони, сувенири, храна, пијалоци, козметика, кожна галантерија и книги до облека на чии етикети пишува Прада, Шанел, Диор… Овде важи правилото дека цената одговара на квалитетот и обратно.

8. Скипхол (Амстердам)
Олтар за младинците
Секаде во светот патниците од Амстердам можат лесно да се препознаат по жолто-плавите ќеси со натпис „See, buy, fly“, (Види, купи, летај). Продавниците на аеродромот Скипхол се познати по распродажбата или акциите од типот „Купи една работа, другата ја добиваш бесплатно“. На Скипхол е отворена прва аеродромска библиотека, а ѕидовите на салата ја красат репродукцијата на Рубенс, Бројгел, и други холандски уметници. Инаку, Скипхол во својата историја освоил повеќе од 120 награди. Дури 15 години по ред ја освојувал титулата најдобар аеродром во Европа, а седум пати и во светот. Има соба за медитации, а од пред шест години се извршуваат и венчавки, а, младенците веднаш потоа можат да полетаат на меден месец.

9. Леонардо Да Винчи (Рим)
Големиот брат се гледа
Италија е земја за мода, па и самиот римски аеродром Леонардо да Винчи или, познат уште по името, Фјумичино, е вистински центар на модните брендови. Меѓу италијаните кружи анегдотата за патниците од Москва кои мислеле дека наместо на аеродром, истите слетале на огромниот бренд Долче и Габана. На аеродромот има околу 140 продавници и бутици. Оваа воздушна база со години била неславен шампион по изгубен багаж. Сега не е така. Инсталиран е современ систем за надгледување на багажот, па повеќе не постои страв кај патниците за куферот со купените сувенири и гардероба, дека ќе биде загубен.

10. Тамбо (Јоханесбург)
Злато и африкански маски
Аеродромот Тамбо бо Јоханесбург е номиниран за награда Бритиш Травел Авардс 2012, и е најголем аеродром во Африка. Има околу 100 продавници и бутици, кои годишно ги посетуваат 17 милиони патници. Патниците на Тамбу најмногу купуваат рачно изработени украси за своите домови, дрвени фигури од камили, слонови, керамички тањири, со афрички мотиви и африкански маски. Во продавниците преовладуваат сафари моделите и дезени, леарницие нудат и нараквици, ѓердани, прстени, саати и копчиња за кошули украсени со злато поефтино од тоа во Европа. На аеродромот се наоѓа и Музеј на воздухоплоството на Јужна Африка, кој е вистинска атракција за патниците.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1