Аеродромци, викендов исфрлете го од дома кабастиот отпад!


Oпштина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од утре ќе почне акција за собирање кабаст отпад.

Foto - Skopjeinfo.mk

Foto – Skopjeinfo.mk

Акцијата на 7 октомври ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07 до 11 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 8 октомври, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, 13 Ноември и Јане Сандански во истиот временски интервал.

Под кабаст отпад се подразбираат делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут и стакло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1