Се расчистува скандалот со кириите на директорот на Дајнерс , објави порталот Пресс 24.
Како што дознава порталот од полицциски извори, директорот на Дајнерс заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009та до 31 12 2013та односно во периодот од 4 години, по основ на закуп на станови, тој и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак дооел како закупец, склучил повеќе доовори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, склучувал договори за закуп самиот со себе.
Според неофицијалните информации тој за 5 години успеал сам на себе за 3 стана во Скопје и еден во Охрид да си плати неверојатни 338.000 евра кирија.
Наскоро се очекуваат повеќе детали