Агенцијата за храна советува – Читајте декларации, не купувајте нагмечени производи …


Kупувајте само пакуван леб, внимателно прочитајте ги податоците на етикетата во врска со хранливата вредност на производот и можните алергиски реакции.

Supermarket-001Одбегнувајте производи во оштетени, нагмечени, надуени или напукнати конзерви, храна што остава впечаток дека е расипана и проверете дали лицето што послужува храна користи посебни штипки за разни видови храна кога ве послужува. Ова се совети што Агенцијата за храна кон потрошувачите.

Во посебни публикации и брошури, кои може да се прочитаат на веб-страницата, Агенцијата ги советува граѓаните на што да внимаваат кога купуваат леб, како да купуваат овошје и зеленчук на пазарите, на што да внимаваат кога пазарат во маркетите, која храна содржи алергени што предизвикуваат алергиски реакции и слично.

Освен тоа, граѓаните можат да прочитаат и кои се петте чекори до побезбедна храна, како да консумираат безбедна храна, на што треба да внимаваат при означувањето на храната и слично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1