Како што пишуваат албанските портали во земјава, Агим Красниќи кој што одлежува казна затвор во казнено поправниот дом “Идризово“, поради одмазда извршил напад врз друг затвореник и го прободел со нож.
Тој потпомогнат од своите подржувачи во затворскиот двор во Идризово со нож нападнал друг затвореник при што му нанел убод во ногата, а потоа бил префрлен на скопската Клиника.
После овој напад Красниќи е сместен во самица, а полицијата го истражува случајот. Директорот на затворот, во изјава за телевизија „Алфа“ вели дека мотивот за нападот е познат, бидејќи другиот затвореник во еден судски случај сведочеше против Красниќи.
Директорот вели дека тој ќе остане уште долго во затворот, бидејќи е осуден за многу дела и треба да одлежи 15 години затвор.