Со указ од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, Агрон Буџаку е разрешен од функцијата амбасадор на Македонија во Франција.
Неговата функција како амбасадор во Француската Република завршува заклучно со 4. декември оваа година.
Буџаку за македонски амбасадор во Франција е именуван во 2009. година, откако претходно беше министер за транспорт и врски.