ФОТО Невестата му врачила сертификат за „зачуван“ химен на таткото


На денот на својата свадба, Брејлин Фримен (сега Баумен) на својот татко, кој е воедно и свештеник, му врачила врамен документ на кој пишува дека „хименот и е недопрен“.

Со својата необична постапка, оваа невеста предизвика дебата на интернет, бидејќи не се случува секој ден таткото да добие од ќерката „сертификат за невиност“, кој го потпишал гинекологот.mlada

Подарокот бил предаден пред очите на сите гости, а покрај изјавата на гинекологот дека „хименот е недопрен“, се наоѓа и пасус од Библијата.

– Бев потполно несвесен дека тоа ќе се случи. Тогаш таа ми рече дека сака да ме испочитува, така што не дозволила ниту еден маж да ја допре пред нејзиниот сопруг –  рекол таткото на невестата, Мајкл Фримен.

Тој додава дека сите негови деца се заколнале дека ќе се „чуваат“ до бракот, па така и неговата најстара ќерка Британи му дала сличен документ на овој шест години претходно.

Неговиот син, од друга страна пак, не успеал да го одржи заветот.

– Не е работата во тоа што прават за мене, туку во она што го прават за себе –  истакнал таткото.

Многумина го осудија ваквиот подарок на денот на свадбата.

„Мислам дека ова е вознемирувачки. И јас бев девица на денот на мојата свадба, но тоа беше помеѓу мене и мојот сопруг. Мојот татко немаше никаква врска со тоа“, рекла една жена во коментарот на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1