Од свадба, на погреб: Кумовите пронајдени мртви во хрватски хотел


Патрик (27) и неговата девојка Лара (22) биле кумови на свадба кај пријател во Истра, а нивните беживотни тела се пронајдени во апартман.

Таинствената смрт на младиот љубовен пар по свадбата на пријателот ја шокираше цела Хрватска, а најмногу родителите, роднините и пријателите на починатите, сватовите, а посебно младите сопружници Зоран и Ана С, чија венчавка одбележа смрт.kumovi mrtvi

– Беше сабота. Дваесетина пријатели дојдоа да се провеселат на свадбата. Веселбата како што вели синот на сопственикот на хотелот, траела до раните утрински часови. Десетина од нив преспале на спратот. Некои велат дека било прилично весело. Во едната соба на поткровјето биле сместени Патрик (27) и неговата девојка Лара (22).

Во неделата сабајлето, нешто после девет часот, ги чекале Патрик и Лара да се симнат за појадок, меѓутоа, тие не се појавиле, па одлучиле да им тропнат на вратата мислејќи дека се уште спијат. На тропањето не одговарале па пријателите влегле во собата. На креветот ги здогледале беживотните тела на младиот пар. Викнале Итна помош и полиција. За девојката и момчето немало спас.

Според неофицијалните информации, на нивните тела немале траги на насилство. Ни во собата немало никакви траги на борба или нешто слично.

Полицискиот увид не бил доволен за да се одреди причината за смртта, па сега на тоа работат експерти од Центарот за форензички истражувања и вештачења Иван Вуќетиќ од Загреб.

Според нивните познаници, Лара и Патрик биле во врска од летоска. Патрик, по студиите на Филозофскиот факултет во Риека, се вратил во родниот Пореч, каде што се занимавал со компјутери, а пријателите ги опишуваат како млади и ведри луѓе што сакале забава, но не биле склони на ризично однесување, па на сите им е тешко да поверуваат дека тие во текот на фаталната ноќ зеле дрога.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1