Али Ахмети, Мендух Тачи и Арбен Џафери не доаѓаат во собрание, а си земаат плата. Не присуствувале на ниту една собраниска седница во последните 6 месеци. За изостаноците носеле ,,оправданија,,
На работа не доаѓаат ниту народните избраници Фијат Цаноски, Љубисав Иванов- Ѕинго, Ирфан Деари, Ермира Мехмети и Ристо Манчев. Најредовни партеници со ниту едно отсуство се Веле Ѓорѓиевски и Миле Пачемски од ВМРО-ДПМНЕ, Марјанчо Николов и Цветанка Иванова од СДСМ, пренесува ТВ Телма.
Дваесет и осум пратениции пак одат на работа ама дремат – ниту еднаш не говореле на собраниска седница.
Во периодот јануари-јуни,најголем број закони поднела опозицијата, најмногу процедурални интервенции – 29, имала Весна Бендевска, а реплики и контрареплики Изет Зеќири.