Во Дебар Маало еднонасочни улици од петок


 

Од петок 3 август почнува да функционира еднонасочниот режим на сообраќај во Дебар Маало. Поставена е соодветна сигнализација која ќе ви покаже на која улица во кој правец е дозволено возење.

Еднонасочни се –

„Ленинова“ во делот од крстосницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“ до улицата „Орце Николов“. Ќе може да се вози само во правец кон „Орце Николов“.

„Наум Наумовски – Борче“ од  „Илинденска“ до „Ленинова“

„Пиринска“, од „Ленинова“ до кружниот тек

„Антоние Грубишиќ“ од кружниот тек до улицата „Ленинова“ и од кружниот тек до улицата „Отон Жупанчич“.

„Коле Неделковски“ ќе биде еднонасочна, од кружниот тек до „Орце Николов“.

„309“ – од „Наум Наумовски – Борче“ до „Ѓуро Ѓаковиќ“.

„Ѓуро Ѓаковиќ“ ќе биде еднонасочна во делот од крстосницата со „Орце Николов“ кон улицата „Михаил Цоков“.

„Отон Жупанчич“ правец кон улица „Раде Кончар“, а по „Раде Кончар“ ќе биде дозволено возење од „Радњанска“ кон „Орце Николов“.

Улицата „Радњанска“ ќе има една насока, од „29 Ноември“ до „Дане Крапчев“ и друга насока од „29 Ноември“ до „Раде Кончар“.

„29 Ноември“ ќе биде еднонасочна во делот од „Орце Николов“ до „Радњанска“.

Улица „Дане Крапчев“ ќе има една насока, од „Радњанска“ до „Орце Николов“ и друга насока од „Радњанска“ до „Благоја Давков“.

„Благоја Давков“ ќе биде еднонасочна од „Дане Крапчев“ до „29 Ноември“.

По „Ѓорѓи Пулевски“ ќе се движат возилата од „Орце Николов“ кон „Благоја Давков“ и улицата „,Мајаковски“ ќе биде за насока од „29 Ноември“ до „Дане Крапчев“.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1