Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека ако Брисел официјално постави услов „Европа или Косово“, Србија ќе се откаже од европскиот пат.
,,Ако официјално ни постават услов: Европа или Косово – ќе се откажеме од европскиот пат. Тоа го зборував во кампањата и мојот народ нема да биде изненаден ако тоа го предложам,, изјави Николиќ во интервју за „Вечерње новости“.
,, Не може Европа да не држи на дистанца поради Косово уште сто години, ние нема да го смениме ставот за јужната покраина. Ако почнат да ни допишуваат нови правила кои не важеа за други држави, тогаш можат да не отфрлат од себе. Во тој слуај подобро ни е да ни кажат: не ве сакаме,, вели Николиќ.