Ако имате ваков стамбен кредит тешко вас


Граѓаните кои имаат станбени кредити во швајцарски Франци може да се очекува во наредните денови да плаќаат висока цена, пишува Фактор.

Се очекува пораст на ратите, откако швајцарскиот Франк стигна до 30 отсто зголемување на вредноста.

svajcarija

Ова е уште еден удар за џебот на должникот, по 2008 година, кога оваа валута порасна. Три години граѓаните се бореа и многу од нив ги продадоа становите за да ги решат проблемие што тогаш им ги наметна високиот Франк, а сега се соочуваат со сличен проблем.

Во Србија со ваков проблем се соочуваат окоу 22.000 граѓани кои имаат станбени кредити во оваа валута.

Во Хрватска пак околу 100.000 граѓани ќе се соочат со проблем на зголемување на ратите на кредитите.

Во БИХ околу 10.000 граѓани имаат кредити врзани за Франкот.

Во Македонија се смета дека е занемарлив бројот на луѓе што своите кредити ги врзале за Франци. Порано постоеше навика лизингот за возилата да се врзува за Франкот, па и македноските граѓани го искусија проблемот на високиот Франк во 2009 та. Оттогаш наваму ретко кој се осмелуваше да земе кредит во Франци. Гувернерот на НБМ Богов вели дека дел од стопанството има кредит во Франци но дека станува збор за занемарливи суми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1