Ако се пишманиш за невеста од Албанија, пари не враќаме


Платил 230 евра да му доведат невеста од Албанија, ама потоа се премислил, па побарал да му ги вратат парите. „Стројникот“ тоа не го направил, па од СВР Куманово доби кривична пријава за измама.

nevestaКако што информираше полицијата, на 8 декември лани Б.Ј. (30) од крушевското село Норово му ветил на 39-годишниот Г.М. од селото Карабичане дека ќе му најде невеста од Албанија ако му плати.
Тој му дал 230 евра, но по неколку дена се предомислил и побарал Б.Ј. да му ги врати парите. Откако тоа не се случило, несудениот младоженец го пријавил случајот во полиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1