Ако верувате во гатање на рака – Јапонски хирург ги менува линиите на дланките за суеверните


Такаки Мацуока на незадоволните пациентите од нивните „патишта на судбината“ им ги менува линиите на дланките со помош на електричен скалпер. тој ги нуди своите услуги на лица кои сакаат да влијаат на судбината, така што им ги продолжува или менува линиите на животот, љубовта и среќата на дланките.

dlanka_gatanje

Според таблоидот „Дејли бист“, токискиот хирург Такаки Мацуока е подготвен да им помогне на суеверните лица, кои се незадоволни од тоа што „можат да го прочитаат“ од нивните дланки. Гледањето на дланка постои со векови, а некои во тоа цврство веруваат. Со намера донекаде да ја променат иднината и работите да ги стават под контрола, некои посегнуваат за есетска хирургија.

Мацуока на пациентите им ги менува линиите на дланките со помош на електричен скалпер.

– Кога би користел ласер, раната би зараснала не оставајќи јасни траги. Со електричниот скалпер се прават лесни резови, затоа што линијата на дланките не се никогаш целосно прави. Доколку не ја изгорите кожата и користите тадиционален скалпер, линиите нема да се задржат. Тоа не е тешка операција, но треба да се направи како што треба, вели Мацуока.

18072013094552_linii na raceteОд 2011 година овој токиски хирург ја „променил судбината“ на 37 лица. Постојат линии чија промена е особено барана. Така мажите сонуваат за пари, а жените за љубов, па Мацуока најмногу работи на измени точно на овие линии.

На прашањето дали операцијата дава резултати, Мацуока, чии пациенти најчесто се на возраст околу 30-та година, го наведува „плацебо“ ефектот.

– Кога луѓето мислат дека ќе бидат среќни, често се случува и да бидат. Не е тоа дека линиите на дланката се врежани како во камен. Станува збор за брчки на кожата кои со текот на времето се менуваат. Начинот на кој ги користиме рацете може да доведе до бришење на некои линии, вели Мацуока, додаваќи дека операцијата трае од 10 до 15 минути и чини 100.000 јени (околу 750 евра).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1