Ако ви кочи интернетот може да го раскинете договорот без пенали – нов правилник на АЕК


Доколку имате бавна интернет врска, губите постојано мрежата на мобилниот или кабелската често ви менува канали – сето ова сега ќе може да го пријавите и ќе може да го раскинете договорот без да платите пенали. Ова се предвидува со новиот правилник на АЕК за заштита на корисниците.

Со новиот правилник се предвидува минимум квалитет на мрежата кој оператерите мора да им го овозможат на корисници. Правилникот е веќе во сила и во тек е јавниот повик за набавка на нова мерна опрема со која ќе се испитува квалитетот на услугата.

дали се почитуваат правилата ќе утврдуваат инспекциски тимови на АЕК, а и операторите ќе мора да доставуваат месечни извештаи.

Доколку ви кочи, или немате интерент треба да пријавите во Агенцијата за електронски комуникации и доколку се утврди дека вината е кај операторот ќе може да го раскинете договорот без плаќање на пенали кои операторите обично ги наметнуваат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1