Експлозија на бомба се случила вечерва околу 22 часот во близина на ресторанот Бела зора на Зрењански пат. Првично две лица се повредени
Според пишувањата на српски Курир маж кој во моментот бил во автомобилот со една девојка самиот ја активирал бомбата. Очевидците велат дека девојката пред експлозијата молела за помош и викала, по што се чула експлозијата. На местото веднаш е повикана брза помош, нема информација за состојбата на повредените.