Ал Каеда во своето списание на почетокот на минатата година објавила фотографија на која има список од 11 јавни личност кои се бараат “мртви или живи”, поради злосторствата кои ги направиле против исламот, пренесува српски “Telegraf”.
Во изводот од списанието “Inspire”, кој бил објавен во изданието на Ал Каеда, посебно бил баран карикатуристот на списанието “Charlie Hebdo”, Стефан Шарбоние, кој илустрирал стрип на кој се гледа како пророкот Мухамед води камила низ пустина.
На списокот “Wanted dead or alive” се наоѓа и Салман Ружди, британски писател со индиско потекло, кој е обвинет дека пишува сатанистички стихови, а на листата è и Тери Џонс, кој јавно запалил копија од Куранот.