СИМПТОМИТЕ СЕ ПОВРАЌАЊЕ, ДИЈАРЕА, СЛАБОСТ, ГЛАВОБОЛКА, СУВО ГРЛО – ВО КРАЈНИОТ СТАДИУМ КРВАРЕЊЕ – НЕМА ЛЕК… а сега постои опасност болеста да се рашири низ светот откако 40 годишен американец, заболен од Ебола успеал да се качи на 2 меѓународни лета.
Неколку западноафрикански авионски компании, прекинаа да летаат кон Сиера Леоне и Либерија, стравувајќи од можноста за ширење заразата. Одлуката е донесена по откривањето на инцидентот, кога еден заразен Либериец, поминал преку најголемиот нигерски аеродром.
Според информациите 40 годишен американец иако имал симптоми, повраќал и имал температура му било дозволено да се качи на меѓународниот лет. Патувал дури со 2 преполни меѓународни авиони и тоа со ASKY Airlines од Либерија до Гана а потоа и до Того. На крајот кога стасал во Лагос во Нигерија починал.
Се алармира дека сите што биле во авионите со него се во сериозна опасност бидејќи еболата е многу заразна и смртоносна во 90 насто од случаите. Порнајдени биле 59 патници од кои 20 се веќе тестирани, но властите имаат проблем да ги лоцираат и останатите патници кои може да летале било каде во светот.
Властите во Лондон стравуваат дека преку патувањата на луѓето од Западна Африка кон некој од британските аеродроми, може да се случи опасната зараза да се префрли и на територијата на Велика Британија.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд денеска изјави дека смртоносниот вирус на еболата, кој досега предизвика смрт на 670 луѓе во Западна Африка, и се заканува и на Велика Британија.
Претставник на здравствените власти во Англија, потврди дека врз едно лице во Бирмингем биле направени тестови, откако лекарите се посомневале дека е заразен со ебола, но се покажа дека не станува збор за оваа смртоносна болест. Засега ниту еден Британец не е заразен, а нема ни регистриран случај на заболен од ебола во Велика Британија.
Специјалниот британски комитет за вонредни ситуации КОБРА, со кој раководи Хамонд, денеска одржува седница посветена на состојбата со еболата и за заканата кон Велика Британија.