Алармантно: Модата ве чини здравје – Опасни хемикалии најдени во познати марки облека


Познатата еколошка организација Greenpeace тврди дека пронашла опасни хемикалии во облека на познати модни марки како Zara, Levi’s i Calvin Klein. Прозваните модни куќи се уште не се огласиле за ова обвинение.

Како што е наведено во соопштението на Greenpeace, активисти купиле повеќе од 100 парчиња гардероба од 20 глобални и светски познати марки, купувале во 29 земји низ цел свет. потоа ги дале на тестирање кое открило дека имаат повеќе опасни хемикалии во себе. Сите парчиња биле тестирани на nopnilfenol-etoksilate (NPE), хемикалија која е опасна за ендокриниот систем, некои се тестирани и на ftalate, кој пак штети на репродуктивните органи.

,, Резултатите беа шокантни околу две третини од 141 парче облека имаа NPE, 4 имаа висока количина ftalata, а трагови на канцерогениот amin кои се користи за боење се најдени во 2 парчиња облека од Zarа”, тврди Greenpeace.

Инаку, nopnilfenol-etoksilati се забранети поради штетноста во Европската унија, но нивната употреба во Кина и други земји се уште регуларно се употребува.
активистите на Greenpeacea поради откриените факти организираа и протест пред продавниците на Зара во Будимпешта.

Веста за пронајдокот на штетните материи го пренесоа германскиот AFP и повеќето светски медиуми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1