Млад крадец од Албанија, се обидел да го ограби возилото на четиричлено македонско семејство кое летувало во Парга, Грција.
Како што пишуваат грчките медиуми, бил забележан од Грк кој знаел дека туристите се на плажа, па веднаш ја алармирал полицијата.
Крадецот е фатен како бега со торба во која имало лични исправи и пари. Во полициска станица, торбата им била вратена на македонските државјани, а крадецот е уапсен.