На колку степени треба да го наместите клима уредот?


Клима уредот може да биде и отров и лек. Важно е да знаете кога и како да го користите овој апарат.

Важно е да не правите „фрижидер“ од вашиот стан, канцеларија или автомобил.airconditionercomparison

Разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура не треба да биде поголема од 10 Целзиусови степени, идеално е пет степени поладна просторија.

Но, ова правило не важи ако надвор е 40 степени, како деновиве. Тогаш температурата се поставува меѓу 21 и 26 степени. Под 21 степен веќе се екстремно ниски температури, кои не се добри за здравјето.

Посебно треба да се внимава при влегување и излегување од топло на ладно и обратно.

Кога се излегува на отворено, треба да се исклучи климата и да се почека 10 минути, па да се излезе надвор. Обратно, кога се влегува дома, да не се вклучува веднаш клима, туку да се почека 10 минути за телото да се стабилизира.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1