Транспортерите во Албанија обвинуваат дека дури 90 проценти од транспортот во земјата го вршеле камиони со македонски таблички, јави Република.
Албанските камионџии побараа од премиерот Сали Бериша да им забрани на македонските камиони да вршат транспорт во Албанија.
Причина за ова е затоа што македонските камионџии го унишувале пазарот на Албанија. Доколку македонските транспортери не добијат забрана албанските камионџии најавија дека ќе ги запалат сите возила со македонски регистерски таблички.
Премиерот на Алабанија на средбата со членовите на Здружението на превозници во Драч ветил дека ќе најде решение за нивните проблеми.