Ќе поскапат алкохолот и цигарите – се најавува поскапување на акцизите


Cigarete

Наскоро ќе поскапат алкохолот и цигарите. Надлежните планираат зголемување на акцизите и за алкохолните пијалоци и за тутунот, објави вечерва Телма.

Според највите акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Во однос на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено зголемување на  акцизата во наредните десет  години.

Владата, посочуваат од Телма, се правда дека зголемувањето на акцизите е во функција на намалување на потрошувачката на овие производи и заштита на здравјето на населението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1