Александра раскажува: Што и се случило кога се разбудила среде операција


Верувале или не, годишно стотици пациенти ширум светот се разбудуваат среде операција. Тоа е трауматично искуство, бидејќи под дејство на анестезија не сте во можност ништо да преземете.

Спрема зборовите на професорот Аиткенхед будењето од анестезија може да биде крајно трауматично од повеќе причини. Една од нив е што пациентот станува свесен за болката која ја чувствува во моментот а не може да направи ништо бидејќи е парализиран.300179-operacija-foto-marija-jankovic-f

Постојат луѓе со вакво трауматично искуство, како што е Александра Битхел (36) која полека губела свест на операционата маса. Му се молела на бога само да сонува и дека тоа е ноќен кошмар од кој ќе се разбуди, но сепак не било така.

Веднаш сфатила дека нешто не е во ред. Нејзиното тело било парализирана веднаш откако и дале миорелаксант (лек кој предизвикува моментална парализа), не можела да се помрдне, но ги слушнала докторите како се припремаат да направат засек на абдоменот.

Не можела да врисне бидејќи во устата имала боца со кислород, се обидувала да даде сигнал со очите, но нејзините капаци биле залепени (за да не дојде до сушење на капаците).

Можеби ова личи на ноќен кошмар, но хорор приказната за Александра била сурова реалност.

-Добив хистеричен напад на паника, а бев тотално онеспособена да направам нешто. Мислев дека операцијата одамна започнала и имав чувство дека ќе умрам – раскажа Александра.

За среќа, докторите увиделе дека таа е свесна пред да направат засек. Таа почувствувала како некој ја допира по абдоменот и слушнала како докторите бараат уште морфиум после кој останала без свест.

Персоналот признал дека грешката е нивна, бидејќи не ја провериле дозата анестетици која ја вбризгале, поради што Александра пати од посттрауматско стресно пореметување.

Think.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1