Земјотресот со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала во Непал придвижил и огромни карпи и лавина во блзина на базниот камп на Монт Еверест. Најмалку десет алпинисти и шерпаси настрадале, а министерството за внатрешни работи на Непал јавило дека биле повредени повеќе од 30 планинари.
Претставници на канцеларијата за туризам на непал додале дека дел од базниот камп од кој алпинистите тргнуваат во освојување на „покривот на светот” е целосно затрупан со снег и карпи
Романскиот алпинист Алекс Гаван на својот твитер профил напишал: „Голем земјотрес а потоа и огромна снежна лавина. Истрачав неповреден од својот шатор. Голем број луѓе останаа на планината”.
Даниел Мазур, друг алпинист, кажал дека базниот камп е „сериозно уништен” и дека најмалку десет луѓе се живи затрупани во своите шатори.