„АМАН“ почна со собирање потписи за враќање на евтината струја


10 илјади потписи се доволни за да се врати повторно евтината струја. Оваа иницијатива на „АМАН“ има за цел во рок од 30 дена да ги собере потребните потписи и да им ја врати на граѓаните евтината струја, ресурс кој силно го погоди џебот на гаѓаните.

Од „АМАН“ се надеваат дека ќе соберат и многу повеќе од потребните 10 илјади потписи со кои треба да се врати евтината тарифа на струјата и да се укине одлуката за плаќање на услуги на граѓаните кои се исклучиле од мрежата на Топлификација.

Најавивме и побаравме поддршка од претседателите на најголемите политички партии, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи, но и од сите помали политички партии, да излезат и да се потпишат на оваа иницијатива, односно да покажат дека се блиски со народот и дека работат во корист на народот, вели Александар Гочев од АМАН.

Граѓаните иако не веруваат дека одлуката на надлежните органи ќе се промени доколку иницијативата за собирање потписи успее, сепак велат дека и покрај сè, ќе дадат поддршка за сè што им е од интерес.

Откако ќе се соберат потребните потписи, иницијативата ќе влезе во собрание, а од здружението веруваат дека нема да има ниту еден пратеник кој би гласал против предложената иницијатива.

„Се надеваме дека нема да има некој „храбар“ пратеник што ќе гласа против овој закон, бидејќи, според нас, после тоа нема да има храброст да се појави пред граѓаните“, вели Гочев.

Собирањето на 10.000 потписи, ќе трае секој работен ден од 08:30 до 16:30. На социјалните мрежи стои повикот на АМАН до граѓаните да се потпишат на повеќе од 34 места во поголемите градови ширум земјава.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1