Американските војници, ќе имаат глувци за детектирање на експлозиви


Дресирани глувчиња кои што ќе можат да намирисаат експлозивни материјали, би можеле да бидат стандардна опрема на Американските војници.

Пентагон спроведува истражување со кое што ќе ги обучува глувците да детектираат мини и слични видови на експлозиви, со надеж дека во индина благодарение на оваа идеја, ќе можат да се спасат животите на американските војници, како и да се намалат воените трошоци. Научниците на „US Army Research Laboratoru“, подржана од „West Point Military Academy“ и инжинерите на „Counter Explosive Hazards Center“, ја проучуваат психологијата на глувците, пишува на официјалниот вебсајт на Американската војска.
Овие истражувачи соработуваат со „Baron Associates, Inc, компанија основа за безбедност, која што беше посочена да произведе евтина и сигурна тренинг програма за глувци кои што ќе можат да пронајдат експлозиви во непријателска средина.

Таканаречениот „Rugged Automated Traning System’s (RATS)“, менаџиран од страна на „Life Sciences Division of the Army Research Office, се очекува да ги реши потребите на Армијата за побезбедно и поевтино демонтирање на мините“, изјави Вилијам Гресик, инжинер во Барон.

И покрај тоа што се помалку интелегентни од кучињата и потешко можат да отријат експлозив, глувците се доста мобилни и полесни за транспорт, а конзумираат многу помалку храна. Можат и да се инфлитираат во многу понедостапни подрачја. Животните остануваат најверодостјниот начин за откривање на експлозиви, и покрај тоа што војската и полицијата за вакви работи користат специјално дизајнирани роботи. Глувците исто така можат да се користат и за невоени цели. Во иднина, глувците би можеле да се вклучат и во спасувачки мисии.

„Програмата исто така ќе вклучи и нови можности за користење на животни за различни цели од откривање на мини, до спасување на луѓе затрупани во дупки од земјотреси. Тренираните кучиња се премногу скапи и ако не можат да се покријат трошоците за тренирање на еден вид на животни, во тој случај е потребно во програмата да се вклучат и други врсти на животни“, изјави Мишелин Странд, шефот на Военото истражување на Животната Научна Дивизија.

Америка нема да биде првата земја која што користела глувци за детектирање на разни видови на експлозиви. Минатата година светските медиуми пренесоа дека и Израел и Колумбија имале сличен ваков проект, со кој благодарение на глувците, тамошните власти можеле да откријат разни видови експлозиви, бомби и дрога на аеродромите. Помеѓу 15,000 и 20,000 луѓе умираат низ светот поради неоткриени нагазни мини, кои остануваат активни и со декади. Глувците би можеле да бидат идеална алатка за чистење на ваквите подрачја, правејќи ги сигурни и обработливи за луѓето.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1