Кои финти ги прават луѓето за да не седне некој до нив во автобус


Луѓето сакаат комоција, посебно доколку до нив треба да седне непознат човек – е тоа е паника. Со цел да спречат другите да седат до нив, во јавниот превоз има секакви смешки и финти со кои луѓето се користи.

Има и  различни тактики на заплашување, ова го открила тригодишната студија на Универзитетот Јеил.

трик 1 – Поглед
Од најчестите трикови е погледот – намрштен и остар кои јасно дава до знаење дека до него не сака да седнете.

Трик 2 – ташна на соседно столче

Ова е веќе познато – ставање на ташната или јакната на соседното место – тоа секогаш како непишано правило испраќа порака – не сакам да седнеш до мене.

Трик 3 – изпружисе на две места
Многу луѓе се смешни дури кога ќе се обидат да се протегнат низ две места или се преправаат дека заспале а случајно нозете им се на другиот крај – на второто место. Нормално никој не сака да буди заспан патник па местото најчесто и останува празно само за заспаниот убавец.

Трик 4 – не слушам

Некои се прават на тошо. Ќе седнат на седиштето кое е до пролазот и ќе стават слушалки. За да седне некој на столчето до прозорот мора да ги праша да се потргнат – а тие нормално нели поради музиакта не слушаат – и така патникот ќе се откаже и оди понатака. А доколку сепак патникот е упорен да седне, дали сакал да не се пополни местото тој што седи ќе забележите по тоа што ќе се помести да седне на празното место до прозорецот – ако сакал да седи таму ќе си седнел уште на почетокот.

Ако пак не успеат да го задржат местото тогаш се надеваат дека тој до нив е некој нормален. Гледаат низ прозор и кратко одговараат на прашања за да дадат до знаење дека не се за разговор ( во случај тој до нив да не е муабетчија кој ќе ломоти цел пат)

Истражувањето го спровела професорката Естер Ким од Јеил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1