Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска


Официјалните резултати од претседателските избори во Полски ја потврдија победата на конзервативецот Анджеј Дуда, кој освои 51,55 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат во вториот круг, Бронислав Коморовски 48,45 проценти, соопшти Централната изборна комисија.

Четириесет и три годишниот Дуда ќе ја преземе претседателската должност во август. Неговата победа претставува сериозна закана за Владата пред парламентарните избори кои ќе се одржат оваа есен.in Warsaw, Poland, Saturday, Feb. 7, 2015. (AP Photo/Alik Keplicz)

Досегашниот полски претседател Бронислав Коморовски го призна синоќа поразот, откако излезните анкети покажаа дека победата ја освои Дуда.

До неодамна релативно непознатиот, кандидат на национално-конзервативната Партија за право и правда, Дуда однесе неочекувана победа на изборите, што би можело да ја измени досегашната политика на најголемата економија на источна Европа кон ЕУ и да го загрози нејзиното членство во еврозоната.

Дуда во предизборната кампања истакна дека Полска треба да го воведе еврото „дури кога сите Полјаци ќе заработуваат колку и граѓаните од западните земји“. Партијата за право и правда, имено, не е толку ентузијастичка кога станува збор за развој на односите со Брисел и смета дека приоритетот на Варшава треба да бидат личните интереси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1