Анонимуси тврдат дека го пронашле, го идентификувале и го објавиле името и адресата на 32 годишниот маж од Ванкувер , кој ја уценувал малата Аманда Тод, се до степен кога посрамено девојчето извршило самоубиство.
Групата тврди дека човекот ја уценувал тинејџерката со провокативни фотографии, ги објавил на интернет по што Аманда повеќе не можела да издржи. Била исмејувана од соучениците и иако двапати се селела, уценувачот постојано ја пронаоѓал и на нејзините нови пријатели им ги праќал фотографиите.
Во домот во кој што живеел во Ванкувер, никој не одговарал на звонењето и тропањето на врата, и покрај тоа што внатре светлото било запалено.
Соседите велат дека во куќата во која се случувале забавите за време на викендите, доаѓале голем број на млади девојки, а по завршувањето на истата, голем дел од лименките со пиво биле расфрлани низ дворот.
Полицијата ја потврдила информацијата дека од Анонимуси добиле име и адреса, велат се проверува информацијата, таков човек навистина постои, но не откриваат детали дали тоа е вистинскиот човек. Апелираат да се почека да се докаже неговата вина, за да не се случи невин човек да се осуди предвреме од јавноста што може да има големи последици врз неговиот живот. По објавата на анонимуси на социјалните мрежи се направија и групи со наслови како ,, убијте го убиецот на аманда,, смрт за уценувачот или ,, не му давајте мир – сите тропнете на оваа адреса,,