Антиќ си замина од репрезентацијата – нема веќе да го носи дресот на Македонија


,,Со македонскиот дрес имав многу моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Многу успех им посакувам и изразувам голема благодарност пред се на моите соиграчи, на целата МКФ и на сите македонски навивачи,,

Во неговото писмо упатено до медиумите и целата македонска јавност вели дека е време да им се даде простор на младите генерации кои допрва треба да се докажуваат.

Еве го целосното писмо на Антиќ

Би сакал да ги известам макеоднските медиуми и целокупната спортска јавност  дека по долго размилсување и јас го најавувам моето повлекување од репрезентативниот дрес. Како капитен чувствувам должност да го направам тоа сега како подобра варијанта отколку пред самото Европско првенство во 2013 година, зошто сметам дека од исклучителна важност е да се планира и да се постават темелите на оваа наша подмладена репрезентација. Како играч  и како капитен сметам дека го дадов својот максимум во оваа репрезентација , по многу напорни сезони и веќе над 30 тата година сметам дека е вистинско време да се направи промена на генерации.

Со македонскиот дрес имав многу моменти кои никогаш нема да ги заборавам.Многу успех им посакувам и изразувам голема благодарност пред се на моите соиграчи, на целата МКФ и на сите македонски навивачи. Секогаш кога ќе можам ќе помогнам и на било кој начин ќе бидам илволвиран во создавањето на идните македонски таленти. Оваа генерација и овие момци што остануваат имаат многу што да покажат и вистинско време е летниот период да го искористат за личен одмор и закрепнување како и да се посветат на семејството. Ви Благодарам со почит Перо Антиќ

Тој повеќе нема да биде дел од нашата репрезентација, сепак секогаш ќе остане  запаметен по сите негови успеси и по сето она што го направи за македонската репрезентација и целиот македонски народ.

Останува да видиме кој ќе ги завземе местата на златната тројка Илиевски, Гечевски, а сега и Антиќ кои одлучија да ја напуштат репрезентацијата и да ја препуштат на помладите генерации.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1