Апаратите за дијализа се заразени со хепатит Ц, болните немаат избор, ако сакаат да сменат крв мораат да седнат на тие апарати и да се заразат со опаснипт вирус.
Од здружението на бубрежно болните “Нефрон”, за Вест велат дека во центрите за заразените апарати нема посебни простории и не се одвоени од оние што се негативни.
“Има центри каде што над 90% од дијализерите се заразени со хепатит Ц. Бубрежно болните често пати мора да изберат меѓу две зла, зашто во случи кога негативните апарати се зафатени, тие треба да седнат на позитивен апарат и да фатат хепатит Ц или тој ден да не ја прочистат крвта, што, пак, е многу опасно”, вели Љубинко Трпеновски, претседател на “Нефрон”, за весникот Вест.
Апарат за дијализа чини од 12.000 до 15.000 евра, а лекувањето и последиците д хепатитот се далеку поголеми, па несватливо е зошто не се променат заразените апарати. Во Министерството за здравство тврдат дека таму каде што има можност, позитивните болни се одвојуваат од негативните во посебни соби. Но, во секој случај, се одвојуваат на позитивни или негативни апарати, со задолжителна стерилизација на машините.