Компанијата Apple одлучила да ја прекине судската голгота и денеска се нагодила со кинеската компанија која ги тужеше дека им го украле името iPad.
Според соопштението Apple ќе им плати на кинезите 60 милиони долари за да им го отстапат името.
Некој критичари ја обвинуваа кинеската фирма Proview дека сака да заработи од популарноста на iPad. Но кинескиот суд тврдеше дека токму оваа компанија го заштитила името iPad на кинескиот пазар уште во
2000 година. Apple пак инсистираше дека тие ги имале светските права уште во 2009.
Судот во Гуандонг ги упати двете фирми да се обидат да се договорат. Што резултираше со нагодбата Apple да искешира 60 милиони долари.