Арбен Таравари губи во првиот круг, Бејта води во Гостивар


Кандидатот за градоначалник на Гостивар од „Алијанса за Албанците“, Арбен Таравари, губи од неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта.

Според првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од 100 отсто обработени гласови, Таравари освоил 11.600 гласови или 34,10 отсто, а Бејта освои 12.095 гласови или 35,55 отсто.

Со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите нема освоено над 50 отсто од гласовите, во Гостивар ќе се одржи втор круг гласање на 29 октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1