Археолозите кои работат на големата гробница од периодот на Александар Македонски на северот на Грција влегоа во подземниот комплекс кој изгледа е ограбен уште во античко време.
Грчкото миистерство за култура соопшти дека архолозите делумно го истражиле претсобјето на гробницата во Амфиполис и откриле мермерен ѕид зад кој се наоѓа уште една или две простории.
Дупката на украсениот ѕид и знаците од насилниот влез укажуваат дека гробницата одамна е ограбена.
Гробницата датира од периодот меѓу 325.година п.н.е. – две години пред смртта на Александар Велики – и 300 години п.н.е. Нејзиното откритие ги поттикна шпекулациите за содржината, а посебно бидејќи локацијата ја посети и грчкиот премиер Антонис Самарас.
Се шпекулира дека во неа се наоѓа големо богатство или останките од големиот војсководец или неговата сопруга Роксана или нивниот син Александар Четврти.
Александар Македонски умре во 323 година п.н.е., а најверојатно е закопан во Египет.
Древниот Амфиполис е основан како атинска колонија 437 година п.н.е., а Филип Македонски, таткото на Александар, го освои во 357
година п.н.е.