Аријана се враќа на местото на масакрот


Американската пејачка Аријана Гранде, чиј концерт во Манчестер заврши со терористички напад во кој загинаа 22 лица, планира да се врати во англискиот град и да одржи хуманитарен концерт.

Парите од концертот на Аријана ќе биле наменети за семејствата и жртвите во нападот.

Во подолга изјава на Твитер пејачката посочила дека планира да се врати во „неверојатно храбриот град“.

– Никој со ништо не може да ја ублажи болката што ја чувствувате или да ги подобри работите… Единственото нешто што можеме да го направиме е да избереме како ова ќе влијае врз нас и како ќе продолжиме со нашите животи… Нема да се откажеме или да живееме во страв. Нема да дозволиме омразата да победи – посочила Гранде.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1