Вучиќ: Србија не планира да влегува во НАТО


Србија не планира да влегува во НАТО, денеска во интервју за телевизијата Пинк изјави српскиот премиер и новоизбран претседател, Александар Вучиќ, соопшти Танјуг.-Учествував во работата на Советот на НАТО и на сите им кажав дека ние немаме таков стремеж (да влеземе во Алијансата). Ние се стремиме да бидеме воено неутрални, да бидеме надвор од сите воени блокови, изјави премиерот, додавајќи дека токму затоа земјата оделува повеќе средства за безбедноста.

„Војската и полицијата добија нови униформи, во земјата пристигнуваат девет нови хеликоптери и за 60 дена ќе пристигнат и руските МиГ-ови“, изјави тој и истовремено го потенцира значењето на европскиот пат за Србија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1