Американскиот астронаут Скот Кели, кој е национален рекордер по должината на времето кое го има поминато во вселената, објавува дека неговото патешествие завршува.
Неговата понатамошна работа ќе продолжи со тоа што ќе помогне во истражувањата поврзани со космосот.
Универзумот е огромен простор а постојат уште милиони милји кои треба да се истражат, вели Кели.
Инаку Кели стана рекордер во НАСА, кој во вселената поминал дури 540 дена, а во тој период постојано споделуваше фотографии на социјалните мрежи и ја забавуваше публиката која го следеше.