Три килограми тротил експлозив ја предизвикаа трагедијата во Бургас, каде бше разнесен автобусот со израелски туристи, соопштуваат од бугарското министерство за внатрешни работи.
“Станува збор за тротил, некаде околу три килограми“, изјавил Цветанов.
Бомбашот самоубиец кој усмртил шест лица не бил бугарски државјанин, стои во соопштението што претходно беше доставено од бугарското министерство за внатрешни работи.
“Станува збор за лица кои не се бугарски државјани“, рекол министерот Цветанов.
Тој истакнал дека бугарските власти се обидуваат да го препознаат идентитетот на напаѓачот, кој исто така загина, во соработка со уште две држави, не наведувајќи за кои земји станува збор.