16/07/2020 00:06
•
Posted by: MK News
Од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 72 отсто од избирачките ливчиња Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,9. Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:55
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија објави дека имало надворешен напад на нивната интернет станица, а објави линк на јутјуб каде можат во живо да следат резултатите.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:54
•
Posted by: MK News
Софтверот на Државната изборна комисија (ДИК) е цел на хакерски напад од надвор и тоа е причината поради која сѐ уште не може да ги објават резултатите од денешното гласање за предвремените парламентарни избори. Како што појасни претседателот на ДИК, Оливер-Деркоски, на прес-конференција, во ДИК ги добиваат резултатите, но не можат да ги направат достапни […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:53
•
Posted by: MK News
Победа, победа, победа… ја започна прес конференцијата генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски . -На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист изборен ден јасни се две работи – победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро. ВМРО-ДПМНЕ и скапата Бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ во овој […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:45
•
Posted by: MK News
Од тоа што сум информиран, сајтот на ДИК би цел на хакерски напад. Не би шпекулирал со тоа додека истото не с епотврди. Јас не сум ИТ експерт. Нападот не предизвика никаква реална штета. Тоа што г собираше апликацијата не е допрено. Обработени се околу 70 отсто од избирачки места, а засега станува збор за […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:42
•
Posted by: MK News
Проследете го обраќањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев од изборниот штаб на коалицијата Можеме во хотелот Белви.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:38
•
Posted by: MK News
Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во овие моменти во прес медија центарот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ дава изјава за медиумите.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:36
•
Posted by: MK News
Според информации од ДИК, по обработени околу 65% од гласовите, во благо водство е владејачката СДСМ пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 36,78% – СДСМ 35,71% – ВМРО-ДПМНЕ 10,34% – ДУИ 8,16% – АА/А 4,15 – Левица 1, 38% – Интегра 1,33% – ДПА
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:31
•
Posted by: MK News
Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, не фунционира, но резултати може да се следат на нивниот канал на Јутјуб. Според резултатите од ДИК СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во мртва трка, со тоа што водат социјалдемократите. Од пребројани гласови од 2.287 избирачки места од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:27
•
Posted by: MK News
Коалицијата Можеме 34,84 проценти, ВМРО-ДПМНЕ со 34,04 проценти, е наведено на сајтот на Државната изборна комисија, каде што се објавени првичните резултати .. ДУИ има 12,52 проценти , Алијанса на Албанците, Алтернатива – 10,38 проценти , а Левица 3,5 проценти… ДИК ги објави овие резултарти по пребројани 548 избирачки места.
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:22
•
Posted by: MK News
Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација. „Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:18
•
Posted by: MK News
Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. Резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК, но засега не можат да се гледаат на нивната веб – […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:15
•
Posted by: MK News
Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи, на кратка прес-конференција во седиштето на партијата објави дека победиле во повеќе градови во земјава. ДУИ води во Сарај, Чаир, Липково, Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа, Сопиште и каде сѐ не“, рече Османи. Инаку во седиштето на ДУИ на големо се слави со зурли и тапани, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:12
•
Posted by: MK News
Oд досега обработените 37% Коалицијата Можеме има 99.447 гласови, ДУИ 25.148, Алијанса на Албанците 19.599 и ВМРО-ДПМНЕ 109.670. ВКУПНО: ВМРО-ДПМНЕ: 109.670 СДСМ-БЕСА: 99.447 ДУИ: 25.148 АА+А: 19.599 ЛЕВИЦА: 8.520 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1 ВМРО-ДПМНЕ: 15.999 СДСМ-БЕСА: 15.132 ДУИ: 5.668 АА+А: 4.755 ЛЕВИЦА: 3.333 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 2 ВМРО-ДПМНЕ: 21.701 СДСМ-БЕСА: 15.954 ДУИ: 3.636 АА+А: 3.63 ЛЕВИЦА: 1.421 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 23:09
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во првото јавување по затворање на гласачките места рече дека на изборите ќе се случи победа на народот над власта објавувајќи дека ВМРО во многу избирачки места се во предност пред владејачката СДСМ. „Победуваме во Македонија, победуваме насекаде. Од досега обработени 20% од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ има предност од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 16:12
•
Posted by: MK News
Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес. Потенцираме, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме. Околу 11.05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 16:10
•
Posted by: MK News
Излезноста на избирачките места според последните информации на ДИК на ниво на Македонија изнесува 31.78% во сите шест изборни единици. Обработени се податоци од 3,435 избирачки места од вкупно 3480. Вкупно гласале 576.576 граѓани. Излезноста по изборни единици изразена во проценти во продолжение: ИЕ 1 – 34,51% ИЕ2 – 29,96% ИЕ3 – 37,24% ИЕ4 – […]
______________________________________________________________________________________________________
15/07/2020 14:21
•
Posted by: MK News
Излезноста на избирачките места според последните информации на ДИК на ниво на Македонија изнесува 24,61% во сите шест изборни единици. Обработени се податоци од 3383 избирачки места од вкупно 3480. Најголема излезност од сите шест изборни единици има во ИЕ3. ИЕ1 – 27,36% (најголема излезност има Карпош повеќе од 31%, а во Аеродром 30,15%) ИЕ2 […]
______________________________________________________________________________________________________