16/07/2020 13:37
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533. Гласале 927 640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1 814 263 во Избирачкиот список. -Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 13:36
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија денеска соопшти дека се уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 13:35
•
Posted by: MK News
Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, соопшти денеска Социјалдемократскиот сојуз. Оттаму им честитаат на сите граѓани за, како што велат, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 13:29
•
Posted by: MK News
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев која според неофицијалните резултатите на парламентарните избори освои два мандати, преку социјалните мрежи повика на рачно броење на гласачките ливчиња. -Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија. Одиме до КРАЈ, пишува Апасиев.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 13:24
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прва прес-конференција по вчерашните предвремени избори истакна дека опозициската партија го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ, според него, има повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција. Разликата во гласови, според Мицкоски, е десетина илјади. -Важно е што […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 09:20
•
Posted by: MK News
Од 16 до 30 јули забранет е влез во Бугарија за македонските државјани, освен ако се работи за транзит. На граѓаните на Македонија привремено им е ограничен влез во Бугарија од 16 до 31 јули, пишува бугарскиот портал Новините. Оваа забрана не важи само при транзит. Транзитот се дозволува само во случаи кога може да […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 09:02
•
Posted by: MK News
ДПА на Менух Тачи и Левица на Димитар Апасиев ќе освојат по еден пратеник, доколку се земат во предвид досега обработените резултати, пишува Фокус. Инаку, се очекува ДПА да го освои едниот пратеник во шестата изборна единица, каде носител на пратеничката листа е токму Тачи. Истото важи и за Левица, каде најмногу гласови освои во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:56
•
Posted by: MK News
Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од 93,96 отсто од гласовите, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 34, 65 отсто. За ДУИ гласале 11,57 отсто, за Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, за ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 отсто, а другите партии […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:52
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во моментот прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори. Тој од изборниот штаб на партијата се обрати пред јавноста. -Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над 3 пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:25
•
Posted by: MK News
Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 3.130 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34, 73 отсто. За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците и Алтернатива 66.193 или 8,77, за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:22
•
Posted by: MK News
Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки. ВМРО – ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:19
•
Posted by: MK News
47 пратеника ВМРО-ДПМНЕ, 47 пратеника СДСМ – ова се последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени според гласовите на денешните парламентарни избори. Според нивните резултати во парламентарниот состав влегуваат и ДУИ со 13, Алијанса со 10, Левица со 2 и ДПА 1 пратеник.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:17
•
Posted by: MK News
Од преброени гласови од 3.023 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 87 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,27 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,89. Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија, за ДУИ гласале 11,37, за Алијанса на Албанците и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:15
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се обрати по сумирањето на првичните резултати од предвремените парламентарни избори. Проследете ја во живо:
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 01:13
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ во секој момент се очекува да одржи втора прес-конференција по повод изборниот ден во Република Македонија. На пресот партијата се очекува да ги соопшти првичните резултати.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 00:37
•
Posted by: MK News
Профилите на Твитер на многу познати личности и големи компании беа хакирани вечерва, според многу странски медиуми, што е невидена крипто измама. “Ќе ги удвојам сите исплати на мојата адреса на биткоин во следните 30 минути. Вие депонирате илјада долари, ќе ви дадам 2”, пораката е објавена на профилот на Бил Гејтс, а слични се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 00:34
•
Posted by: MK News
Според податоците на ДИК, коалицијата на СДСМ продолжува тесно да води пред ВМРО-ДПМНЕ и партнерите и по 80 отсто од пребројаните избирачки места (2 773 од 3 480). И во албанскиот политички блок состојбата е непроменета, каде што ДУИ води пред Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во проценти, на територијата на целата земја резултатот сега […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2020 00:17
•
Posted by: MK News
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати. – Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите […]
______________________________________________________________________________________________________