14/07/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица само ако се од исто семејство. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2020 15:56
•
Posted by: MK News
Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува. Оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2020 15:51
•
Posted by: MK News
Вчерашните гласови на лицата кои се во самоизолација се во плик и ќе останат затворени во гласачка кутија се до среда. Од ДИК потенцираат дека сите резултати кои се објавуваат на социјалните мрежи се шпекулација. Ќе се бројат заедно со останатите гласачки ливчиња по завршување на гласањето. Ниту се отвораат ливчињата и пликовите на кои […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2020 15:49
•
Posted by: MK News
Од ДИК остро ги осудија вчерашните објави на активисти од една политичка партија кои на социјалните мрежи повикуваа да биде прешкртан зборот „Северна“ на гласачкото ливче. Јасно се знае кое е важечко ливче со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ изјави дека обдукциите на оние кои починале од коронавирусот покажале страшни резултати. „Во Србија се извршени 17 обдукции, иако СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од Ковид-19, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:51
•
Posted by: MK News
Косовскиот претседател Хашим Тачи, пристигна во седиштето на Специјалното обвинителство во Хаг за да биде сослушан. Пред обвинителството беа присутни и неколку десетици Албанци кои протестираат против обвинението против него и против лидерот на ПДК, Кадри Весељи. „Јас сум тука денес да го почитувам тоа за што сонував и се борев. Слободно и независно Косово, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:50
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора од утре ќе треба да достават негативен ПЦР-тест на влезот во Косово, објавија тамошните медиуми. Од утре косовската влада ќе бара од граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора негативен ПЦР-тест за Сарс-КоВ-2, не постар од 72 часа, за да влезат на Косово. Оние што ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:44
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот на ДИК Ад мир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:42
•
Posted by: MK News
Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе денеска во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули. До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:41
•
Posted by: MK News
Почнува тридневното гласање за десетите парламентарни избори, петти предвремени од независноста на земјата. Ова се најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба да се почитуваат, како од страна на граѓаните со носење маска, држење растојание, така и од страна на членовите на избирачките одбори, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2020 15:39
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2020 17:12
•
Posted by: MK News
Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во земјата. Од 1728 тестирања, дури 205 лица биле позитивни на корона, што е 11,8 проценти од бројот на тестови. Изминатото деноноќие битката со вирусот ја изгубија 6 пациенти. На клиниката за Инфективни болести починаа тројца заболени, двајца во ГОБ 8ми септември а Ковид-19 беше погубен и за пациентка […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2020 13:26
•
Posted by: MK News
Функционери на власта, нивни сопартијци, бизнисмени – овој профил на луѓе се соочуваат со кривични пријави од Бојан Јовановски кој трет ден ги поднесува во скопското обвинителство. Според соопштението за јавност кое го напишал рачно на осум страници а го презентираше неговиот адвокат, станува збор за 40-тина лица кои според Јовановски ја злоупотребиле службената положба […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2020 13:23
•
Posted by: MK News
Предлог за казнени налози против осум лица денеска поднесе Основното јавно обвинителство Скопје за непочитување на полицискиот час. Обвинетите, како што соопшти ЈО, биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин, според Обвинителството, тие го […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2020 13:20
•
Posted by: MK News
Италија од денска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаеви на корона вирус. На списокот покрај 12 други држави се најде и Македонија. Забраната се однесува на сите кои престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена изјави министерот за здравство Роберто Сперанца. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2020 15:53
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа. Препораката на Комисијата е донесена […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2020 15:49
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска појасни дека неговата вчерашна изјава за војна доколку нема албански партнер во новата власт е ставена во лош контекст, истакнувајќи дека зборува за можните последици предизвикани од неговиот опонент Али Ахмети. Барањето на Ахмети за премиер Албанец има директна закана, бидејќи тој е […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2020 15:47
•
Posted by: MK News
По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија. Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само […]
______________________________________________________________________________________________________